ПРВ.мк
Македонија

МВР со акција: 21 автомобил одземен за пет дена - граѓаните револтирани!

МВР со акција: 21 автомобил одземен за пет дена - граѓаните револтирани!
Kristal

Во периодот од 1 до 5 февруари 2026 година, на територијата на целата држава, по насоки на јавен обвинител, одземени се вкупно 21 возило, информира Министерство за внатрешни работи.

Од МВР појаснуваат дека возилата биле управувани од лица кои немале положено возачки испит, односно управувале без возачка дозвола, што претставува тешко прекршување на сообраќајните прописи.

Одземањето на возилата се врши согласно измените на Законот за прекршоци, со кои е предвидена построга санкција за безобѕирно управување со моторно возило, а мерката се применува како превенција и заштита на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Од полицијата најавуваат дека контролите продолжуваат и во наредниот период, а секое управување возило без возачка дозвола ќе биде санкционирано согласно важечките законски решенија.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo