31-годишен маж со македонско потекло го загубил животот во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случила во близина на Ортона, во италијанскиот регион Абруцо.
Според информациите објавени од италијанските медиуми, загинатиот е Стефан Ѓ. (31), маж со македонско потекло кој живеел во Ортона.
Несреќата се случила околу 7:15 часот на државниот пат 16. Стефан управувал автомобил „Фолксваген Голф“, кога од засега непознати причини изгубил контрола над возилото.
Автомобилот излетал од коловозот и со голема сила удрил во армирано-бетонски потпорен ѕид. Од здобиените повреди, 31-годишниот маж починал на местото на несреќата.
Надлежните служби работат на утврдување на точните околности и причините поради кои дошло до несреќата.








