ПРВ.мк
Свет

САЈБЕР-АЛАРМ ВО РУСИЈА: Москва пријави илјадници напади додека траеја изборите - еве од која држава биле!

САЈБЕР-АЛАРМ ВО РУСИЈА: Москва пријави илјадници напади додека траеја изборите - еве од која држава биле!

Руската Централна изборна комисија соопшти дека за време на парламентарните избори биле регистрирани повеќе од 1.000 сајбер-напади насочени кон инфраструктурата поврзана со изборниот процес.

Претседателката на комисијата, Ела Памфилова, навела дека станувало збор за DDoS-напади, при кои голем број лажни барања истовремено се испраќаат кон веб-страници, сервери или мрежи со цел да се преоптоварат системите и да се наруши нивното нормално функционирање.

Според Памфилова, зад нападите стоеле „високопрофесионални и добро координирани групи“, кои, како што тврди, користеле и алатки базирани на вештачка интелигенција. Таа навела дека најголемиот број од регистрираните напади потекнувале од странство.

Памфилова исто така изјавила дека биле забележани насочени напади врз руската телекомуникациска инфраструктура. Според неа, во дел од активностите биле регистрирани знаци кои, како што тврди руската страна, укажуваат на украинско мешање.

Руската Централна изборна комисија уште во саботата соопшти дека изборниот систем бил изложен на „многу силен сајбер-напад“, кој според нејзините наводи траел во текот на целиот ден.

Покрај гласањето на традиционален начин, во Русија се користи и електронско гласање, кое е достапно во околу 30 региони.

Тврдењата за потеклото на сајбер-нападите и наводното украинско мешање се изнесени од руските изборни власти и не се независно потврдени.