ПРВ.мк
Македонија

МВР ПУШТИ НОВА АПЛИКАЦИЈА: Еве како странските возачи ќе ги плаќаат казните

МВР ПУШТИ НОВА АПЛИКАЦИЈА: Еве како странските возачи ќе ги плаќаат казните

МВР ја пушти во употреба веб-апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, наменета во првата фаза за странските државјани и возачите на автомобили со странски регистарски таблички.

Новата услуга овозможува странските возачи преку мобилен телефон да проверат дали системот „Безбеден град“ евидентирал сообраќаен прекршок, да ги видат издадените прекршочни платни налози и електронски да ги подмират глобите.

Постапката е едноставна. При најавување, возачот треба да ја фотографира или скенира патната исправа и да ја внесе регистрацијата на возилото или возилата што ги користи во Македонија.

На овој начин, странските возачи ќе можат навреме да ги регулираат обврските и да избегнат дополнително задржување на граничните премини.

Од МВР посочуваат дека воведувањето на апликацијата е дел од дигитализацијата на услугите поврзани со „Безбеден град“, а во следните фази се планира проширување на функционалностите и за други категории корисници.