По речиси еден месец отсуство од јавноста и бројните шпекулации за нејзиниот брак со Доналд Трамп, Меланија Трамп повторно се појави пред јавноста.
Првата дама последен пат беше видена на 19 јули, на финалето на Светското првенство, а нејзиното отсуство од неколку важни настани дополнително ги разгоре гласините дека нешто се случува зад затворените врати.
При нејзиното враќање, Меланија и Доналд Трамп се појавија држејќи се за раце, а таа веднаш привлече внимание со првите зборови од говорот:
„Слушнав дека ви недостигав? Еве ме.“
Во изминатите недели американските медиуми пишуваа дека нејзиното повлекување од јавноста можеби е поврзано со наводно незадоволство од блискиот однос на Трамп со неговата соработничка Натали Харп. За ваквите шпекулации нема официјална потврда.
Во истиот период дополнителна загриженост предизвика и анимирано видео објавено од иранската агенција „Tasnim“, кое американската Тајна служба го разгледувала како потенцијална закана кон првата дама.
Сега Меланија повторно е во јавноста, а нејзиното појавување покрај Трамп веднаш повторно стана тема во американските медиуми.






