ПРВ.мк
Македонија

МОН воведува нови стипендии до 18.000 денари - еве кој може да аплицира!

МОН воведува нови стипендии до 18.000 денари - еве кој може да аплицира!
Kristal

Министерството за образование и наука (МОН) годинава воведува нови стипендии за студенти кои се запишани на втор и трет циклус на студии по македонски јазик. Ова е прва година што се доделуваат такви финансиски награди за напредни студиски програми, по успешното воведување на стипендии за прв циклус на студии.

За втор циклус, МОН доделува 7 стипендии во износ од 9.000 денари месечно, за период од 9 месеци. За трет циклус, предвидени се 5 стипендии од по 18.000 денари месечно, за 12 месеци.

Право на аплицирање имаат државјани на Македонија со завршен претходен циклус на студии, со просечен успех најмалку 8,00, запишани на акредитирана програма по македонски јазик за прв пат во академската 2025-2026 година. За трет циклус, кандидатите треба да обезбедат и две препораки од универзитетски професори.

Аплицирањето е исклучиво електронски на платформата на МОН: http://e-uslugi.mon.gov.mk. Краен рок за поднесување на пријавите е 9 јануари 2026 година.

Овие стипендии претставуваат значајна поддршка за студентите што сакаат да продолжат со напредни студии по македонски јазик и се дел од мерките за развој на високото образование и зачувување на македонскиот јазик.

FixCredit
Atensa 300
Escape