Премиерот Христијан Мицкоски по повод „23 Октомври“ порача дека нема да има предвремени избори и дека Владата ќе се фокусира на голема економска офанзива за подобар стандард на граѓаните. Тој го оцени дебаклот на опозицијата како историски и ги предупреди дека со „веселата математика“ само го иритираат народот.
Мицкоски истакна дека изборите јасно покажале победа на ВМРО-ДПМНЕ и дека опозицијата треба да се консолидира, додека Владата ќе работи на реални резултати. Тој посочи дека порака добила и ДУИ, која мора да се откаже од етничкото политиканство и да работи на единство и вредности.
Премиерот нагласи дека Македонија е држава на сите народи и дека заедништвото и еднаквоста се клуч за иднината. Ветувајќи борба за економски развој, тој најави нови инвестиции, вклучително меморандум со американско-британска компанија вреден 150 милиони долари и создавање 1.000 нови работни места.
„Подобриот живот е битката на нашата генерација“, порача Мицкоски, повикувајќи на обединување околу вредности и развој на Македонија како модерна и европска држава. Тој ја потенцираше потребата од единство, труд, ред и правда, и рече дека ВМРО е наследство кое бара достојна продолжување на борбата за достоинство и подобро утре.
Не дознавај последен - читај ПРВ.мк