ПРВ.мк
Македонија

Чекање до 40 минути на ГП Табановце и Блаце! Еве ги деталите

Чекање до 40 минути на ГП Табановце и Блаце! Еве ги деталите

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските центри е умерен, но на граничните премини од македонска страна се забележува зголемена фреквенција на возила. На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 40 минути, додека на Блаце се чека приближно 30 минути, објави Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

На останатите гранични премини нема подолги задржувања, па возилата се движат слободно без значителни застои.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а коловозите се претежно суви, што овозможува нормално возење.

АМСМ упатува препораки за внимателно и одговорно возење, со прилагодена брзина согласно условите на патот. Особено внимание треба да се посвети на патните правци низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои ризик од одрони. Овие опасни делници вклучуваат: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Не дознавај последен- читај ПРВ.мк

Escape