ПРВ.мк
Македонија

Митко Јанчев најави нов кружен тек на Северен Булевар – проект на 5.300 квадратни метри со поддршка од Лидл

Митко Јанчев најави нов кружен тек на Северен Булевар – проект на 5.300 квадратни метри со поддршка од Лидл

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, најави реализација на уште еден значаен инфраструктурен проект – нов кружен тек на Северен Булевар, кој ќе се простира на вкупна површина од 5.300 квадратни метри.

Со реализацијата на проектот се продолжува инвестицискиот циклус во патната и урбаната инфраструктура во Кавадарци, со цел подобрување на сообраќајната поврзаност, зголемување на безбедноста и создавање пофункционална урбана средина.

Јанчев упати посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на проектот, посочувајќи го значењето на соработката меѓу локалната самоуправа и компаниите во создавањето подобри услови за граѓаните.

Новиот кружен тек е уште еден од инфраструктурните зафати преку кои Општина Кавадарци продолжува да инвестира во модернизација и подобро секојдневно функционирање на градот.

„Продолжуваме со работа и инвестиции во инфраструктурата – за модерна, функционална и уредна општина“, порача градоначалникот Митко Јанчев.