ПРВ.мк
Македонија

Македонските лекари во Словенија како мост за подобрување на домашното здравство

Македонските лекари во Словенија како мост за подобрување на домашното здравство

Првиот ден од посетата на Словенија заврши во знакот на средби со македонската заедница и здравствените работници кои живеат и работат во оваа земја.

За време на вечерната средба со група лекари од македонско потекло, кои градат успешни кариери во словенечкиот здравствен систем, отворено се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат двете земји во областа на здравството. Фокусот беше ставен на искуствата што Словенија веќе ги поминала, како и на можностите овие професионалци да дадат директен придонес во унапредувањето на здравствениот систем дома.

Меѓу главните заклучоци од разговорот беа истакнати:

  • Размена на знаења и искуства помеѓу здравствените системи на двете земји.
  • Организирање стручни престои, обуки и менторство за лекарите од Македонија.
  • Активно вклучување на македонските лекари од Словенија во конкретни проекти во татковината.

Притоа беше порачано дека македонските медицински стручњаци кои работат во странство не се изгубен ресурс, туку претставуваат драгоцен мост за соработка, кој треба институционално да се зајакне и да стане постојан.

Во рамки на истата вечер беше остварена и посета на здравствената установа „Дунајски бисери“, која е во сопственост на македонски сонародник. На сите присутни им беше изразена благодарност за искрениот пристап и подготвеноста за соработка и помош.