Глумицата Френ Дрешер, најпозната по улогата во култната серија „Дадилка“, со децении плени со својата насмевка и неверојатна енергија. Сепак, зад нејзиниот препознатлив шарм и ведрина се крие минато одбележано со тешки трагедии и трауматични моменти.
Животот на славната актерка се прекршил во 1985 година, кога имала 28 години. Додека престојувала во својот дом со сопругот Питер Марк Џејкобсон и една пријателка, во куќата упаднале двајца вооружени мажи. Едниот од провалниците ја силувал Френ, додека другиот ја малтретирал нејзината пријателка. Питер за тоа време бил врзан и принуден да ги гледа страшните сцени што се одвивале пред неговите очи.
И покрај преживеаниот ужас, Френ покажала голема присебност. Благодарение на својата фотографска меморија, таа му помогнала на полицискиот илустратор да направи прецизна скица од напаѓачот. Напаѓачот, кој во тој момент бил на условна слобода, набрзо бил уапсен и осуден на две доживотни затворски казни.
Тајната на поранешниот сопруг и неочекуваниот развод
Френ и Питер се запознале уште во тинејџерските денови, на 15 години, а се венчале многу млади во 1978 година. Заедно го создадоа успешниот ситком „Дадилка“, каде тој го пишуваше сценариото и режираше, додека таа ја толкуваше главната улога.
Сепак, Питер со години се соочувал со потиснати емоции и со сопствената сексуалност. Парот се разведе во 1999 година, откако тој призна дека е хомосексуалец. Иако некое време не разговарале, со текот на времето успеале да ги надминат сите несогласувања и да го обноват односот, станувајќи неразделни и најдобри пријатели.
Борба со тешка болест: Телото се скршило под товарот на стресот
По разводот, во 2000 година, Френ се соочила со нов ударот кога ѝ бил дијагностициран рак на матката. Глумицата подоцна го откри своето верување дека карциномот бил реакција на телото на повеќегодишното потиснување на душевната болка и стресот предизвикан од силувањето.
По успешното лекување и победата над болеста, во 2007 година таа основа хуманитарна организација посветена на борбата против оваа болест. Френ во 2014 година повторно се омажи за компјутерскиот стручњак Шива Ајадураи. Денес таа продолжува да ја инспирира публиката ширум светот со својата храброст и неуморна борба низ животот.








