Малолетник бил физички нападнат во угостителски објект во тетовското село Речица, по што случајот бил пријавен во полицијата.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 14 септември во 17 часот, во СВР Тетово, М.М. (40) од село Џепчиште пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од две малолетни лица.
Според пријавата, станува збор за две 16-годишни лица од село Ѓермо, кои наводно го нападнале малолетникот додека се наоѓал во угостителски објект во село Речица.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе бидат утврдени сите околности поврзани со инцидентот.








