ПРВ.мк
Македонија

Доделени благодарници за учесниците и поддржувачите на Тиквешкиот гроздобер 2026

Доделени благодарници за учесниците и поддржувачите на Тиквешкиот гроздобер 2026

По завршувањето на уште едно успешно издание на Тиквешкиот гроздобер, беа доделени благодарници на сите институции, служби, компании, партнери, вработени и волонтери кои со својата посветеност и професионалност овозможија манифестацијата да помине во најдобар ред.

Ова признание е симболичен гест на благодарност кон луѓето кои работеа зад сцената за реализација на целиот настан.

По посебни благодарности беа упатени и до:

  • Кавадарчани: За уште еднаш покажаното гостопримство и негувањето на традицијата.
  • Гостите: Кои го избраа Кавадарци за место за прослава и дружење.

Со заедничка работа и посветеност, Кавадарци уште еднаш потврди дека може да создаде манифестација со која целата општина може да се гордее.