ПРВ.мк
Свет

СТРАШНА НЕСРЕЌА ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ: Се урна авион - има загинати!

СТРАШНА НЕСРЕЌА ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ: Се урна авион - има загинати!

Тројца луѓе го загубиле животот во пад на мал авион во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, во близина на Еркеленц.

Несреќата се случила во понеделникот, кога леталото се урнало во поле и било целосно уништено во пожарот. По падот, од авионот, според информациите од местото, останал видлив само дел од опашката.

Станува збор за авион „Цесна 172“, кој во понеделникот наутро полетал од подрачје северно од Утрехт во Холандија.

Леталото потоа влегло во германскиот воздушен простор во близина на автопатот А52. Околу 11:20 часот, во реонот на Гердерат, авионот почнал да има проблеми од засега непознати причини.

Сите тројца во авионот загинале

Трагедијата ја потврдил и портпарол на германската полиција за „Билд“.

„Во авионот имало три лица. Сите тројца загинале во падот“, изјавил портпаролот.

Засега не се соопштуваат информации за идентитетот на загинатите.

Надлежните служби работат на утврдување на точните околности под кои дошло до падот и причината поради која авионот почнал да има проблеми.

Во близина на местото на несреќата, на околу десет километри, се наоѓа малиот аеродром Еркеленц-Киховен.

Истрагата за трагичниот пад продолжува, а повеќе детали се очекуваат по завршувањето на увидот и анализата на околностите поврзани со летот.