ПРВ.мк
Македонија

ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ВО КАВАДАРЦИ СЕ РАЗУБАВУВА: Нов цветен сјај и свежина на зелените површини!

ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ВО КАВАДАРЦИ СЕ РАЗУБАВУВА: Нов цветен сјај и свежина на зелените површини!

Градскиот плоштад во Кавадарци добива нов, естетски уреден изглед благодарение на засадувањето на нови цветни аранжмани и внимателното уредување на зелените површини.

Во рамки на овие активности, просторот во срцето на градот се оплеменува со засадување на виоли – познати како градинарски љубичици (Viola × wittrockiana). Новите цветни насади внесуваат посебна топлина, свежина и живост во централното градско подрачје.

Со уредувањето на овие мали цветни детали се создава поздрава амбиентална средина и поубав простор за одмор и престој на сите жители и посетители на Кавадарци.