ПРВ.мк
Македонија

PSA – МАЛ МАРКЕР СО ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ПРОСТАТАТА

PSA – МАЛ МАРКЕР СО ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ПРОСТАТАТА

Понекогаш, една капка крв може да открие многу повеќе отколку што можеме да претпоставиме.

PSA (Prostate-Specific Antigen) е еден од најзначајните лабораториски маркери во проценката на здравјето на машката простата. Станува збор за протеин кој природно се создава во клетките на простатната жлезда, а неговото присуство и концентрација во крвта можат да дадат важни информации за состојбата на овој орган.

Што ни кажува PSA?

Покаченото ниво на PSA може да биде еден од сигналите дека нешто се случува со простатата. Причината може да биде бенигно зголемување на простатата, воспаление или инфекција, но и карцином на простатата. Токму затоа ова испитување има значајна улога во навременото препознавање на можните промени и проценката на потребата од дополнителни испитувања.

Не е важна само бројката, туку и нејзиното значење!

 Во лабораториска практика се анализираат:

Total PSA –вкупна концентрација на простата- специфичниот антиген.  

Free PSA – слободната форма на PSA во крвта.

Free/Total PSA ratio –односот помеѓу слободниот и вкупниот PSA, кој може да помогне во проценката на ризикот од карцином на простатата.

Важно е да се знае дека PSA не е маркер кој самостојно потврдува или исклучува малигно заболување. Неговите вредности се интерпретираат во контекст на возраста, симптомите, клиничкиот преглед и другите дијагностички наоди.

Зошто е важно да го проверуваме PSA?  

Бидејќи карциномот на простатата во раните фази често може да помине без изразени симптоми. Лабораториското испитување на PSA, кога е соодветно препорачано од лекар, може да биде важен дел од проценката и раното откривање на заболувањето.

Не чекајте симптомите да станат предупредување. Грижата за здравјето започнува со информираност, превенција и навремена контрола.

Во рамки на ноемвриските промоции во Клиника Жан Митрев, направете го испитувањето на туморскиот маркер PSA, по промотивна цена од 700  денари.

Не чекајте појава на симптоми за да почнете да се грижите за своето здравје.

Разговарајте со лекар за превентивните прегледи и испитувања соодветни на вашата возраст и здравствена состојба.

Сите ноемвриски промоции за прегледи и дијагностика можете да ги погледнете на

https://zmc.mk/mesec-na-maskoto-zdravje/

 PSA – мал лабораториски параметар, голем чекор кон подобра грижа за машкото здравје.