ПРВ.мк
Македонија

Македонија влегува во најжешката фаза од летото – следуваат над 40 степени

Македонија влегува во најжешката фаза од летото – следуваат над 40 степени

Македонија и денес останува под влијание на силен топлотен бран, при што максималната дневна температура ќе достигне до 39 степени Целзиусови.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде сончево и многу топло. Во западните делови од земјата ќе дува умерен ветер од североисточен правец, додека во источните предели ќе преовладува северозападен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 9 до 19 степени, но веќе во текот на денот повторно ќе биде исклучително топло.

Од УХМР најавуваат дека жешкото време ќе продолжи и во следните денови. До крајот на неделата, на повеќе места во земјата температурата ќе надмине 40 степени Целзиусови, а ќе следуваат и тропски ноќи, со високи минимални температури кои ќе го отежнат разладувањето.

Надлежните препорачуваат граѓаните да избегнуваат подолг престој на отворено во најтоплиот дел од денот, редовно да внесуваат течности и да обрнат посебно внимание на децата, повозрасните лица и хронично болните.