Вознемирувачко видео кое се споделува на социјалните мрежи прикажува брутална тепачка меѓу поголема група млади лица на улица во Гостивар.
Според снимката, во еден момент едно од момчињата е удрено со клоца во пределот на главата, по што паѓа на асфалтот и останува неподвижно.
И покрај тоа што лицето лежи на земја, на видеото се гледа како друго лице му приоѓа и продолжува да го удира со дрвена прачка. Според снимката, прачката се крши при ударите.
Околностите под кои се случил инцидентот, како и здравствената состојба на повреденото лице, засега не се познати.
Се очекува Министерството за внатрешни работи да се огласи со официјални информации за случајот и да соопшти дали се преземени мерки за идентификување и процесуирање на учесниците во инцидентот.









