ПРВ.мк
Македонија

Малолетник тешко повреден во Идризово – приведен осомничениот

Малолетник тешко повреден во Идризово – приведен осомничениот

Полициски службеници од СВР Скопје го привеле 21-годишниот В.Х. од скопското село Идризово, под сомнение дека му нанел тешка телесна повреда на 15-годишен малолетник.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен од таткото на повреденото момче, кој навел дека инцидентот се случил на 31 јули околу 23:50 часот во селото Идризово, по претходно нарушување на јавниот ред и мир.

По преземените мерки, полицијата го лишила од слобода осомничениот, а истрагата за случајот е во тек.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот, Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против В.Х. за кривичното дело „тешка телесна повреда“ согласно член 131 од Кривичниот законик.