ПРВ.мк
Македонија

Македонија влегува во кризна состојба – Владата ги мобилизира сите институции поради пожарите

Македонија влегува во кризна состојба – Владата ги мобилизира сите институции поради пожарите

Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија поради зголемената опасност од пожари на отворен простор.

Кризната состојба ќе стапи на сила од утре и ќе трае 30 дена, со цел да се овозможи навремена, координирана и поефикасна реакција на сите надлежни институции во справувањето со пожарите.

Од Владата соопштија дека мерката е донесена за максимално ангажирање на сите расположливи човечки и технички ресурси, со приоритетна цел заштита на животите на граѓаните, нивниот имот и природните богатства.

Во рамки на одлуката ќе биде активиран Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе биде во постојано заседавање. Во рок од 24 часа треба да изготви акциски план за превенција и справување со пожарите, да направи преглед на расположливите човечки и материјално-технички капацитети и да воспостави координирано дејствување на сите надлежни институции.