ПРВ.мк
Свет

Mинибус полн со фудбалери излетал од патот - eве ги деталите

Mинибус полн со фудбалери излетал од патот - eве ги деталите

Трагична сообраќајна несреќа го потресе романскиот фудбал, откако минибус во кој се превезувал вториот тим на Динамо Букурешт излетал од патот и удрил во дрво. Во несреќата едно лице го загуби животот, а десетмина се повредени.

Според првичните информации, несреќата се случила во местото Кампулунг, кога 83-годишниот возач доживеал срцев удар, по што изгубил контрола врз возилото.

Во минибусот имало вкупно 16 патници. На местото на несреќата починал членот на медицинскиот тим на клубот, Константин Ковачиу, додека останатите повредени биле пренесени во болница.

Од клубот соопштија дека фудбалерите и членовите на стручниот штаб не се во животна опасност. Најтешко меѓу нив поминал тренерот на вториот тим, Адријан Ропотан, кој се здобил со скршеници на двете раце.

Динамо Букурешт преку официјално соопштение изрази длабоко сочувство до семејството на Константин Ковачиу, нагласувајќи дека тој со години бил ценет и важен член на медицинскиот тим на клубот.


Видео: