ПРВ.мк
Македонија

Кристал повторно со хуман гест што прави разлика - поддршка за најранливите семејства во Велес

Кристал повторно со хуман гест што прави разлика - поддршка за најранливите семејства во Велес
Kristal

Во духот на солидарноста и општествената одговорност, компанијата Кристал реализираше хуманитарна активност во Велес, при што беа посетени и поддржани неколку од најранливите семејства во градот.

Активноста беше спроведена во соработка со Центарот за социјална работа – Велес, кој, преку своето раководство и стручни служби, помогна во идентификување на семејствата на кои поддршката им е најпотребна. Врз основа на тие информации, тимот на Кристал излезе директно на терен и лично ги посети семејствата.

Активноста беше спроведена директно на терен, каде што на семејствата им беа поделени пакети со основни прехранбени производи. Со оваа иницијатива, Кристал уште еднаш покажа дека е компанија која не само што гради доверба преку своите производи, туку и активно се грижи за заедницата во која делува.

Оваа хуманитарна акција е дел од пошироката заложба на компанијата да биде присутна таму каде што помошта е најпотребна, особено во периоди кога голем дел од граѓаните се соочуваат со социјални и економски предизвици.

Преку вакви конкретни дела, Кристал испраќа силна порака дека корпоративната одговорност не е само збор, туку континуирана практика. Истовремено, ваквите примери претставуваат поттик и за другите компании и поединци да се вклучат и да дадат свој придонес во градењето посолидарно општество.

Кристал останува посветен на вредностите кои ги негува повеќе од еден век – грижа, одговорност и човечност, со јасна цел: да се помогне таму каде што е најпотребно и да се остави позитивна трага во заедницата.

Кога хуманоста е искрена, насмевките зборуваат сами!

FixCredit
Escape