Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода 40-годишниот С.Х. од Скопје, кој бил баран со потерница за издржување затворска казна поради тешки кривични дела.
Како што информираат од полицијата, апсењето било извршено на 18 декември во 14:20 часот, по претходно издадена судска наредба, во координирана акција на Одделите за криминалистички работи – Ѓорче Петров и Кисела Вода.
Осомничениот бил осуден на казна затвор во траење од четири години и десет месеци за сторени кривични дела „грабнување“ и „силување“, поради што бил предмет на активна потерница.
По завршување на постапката и целосно документирање на случајот, лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.
















