ПРВ.мк
Македонија

Кога сите се кријат од жештината, тие крадат во сенка: Дрвокрадци фатени. со натоварени возила

Кога сите се кријат од жештината, тие крадат во сенка: Дрвокрадци фатени. со натоварени возила
Escape

Ниту забраните, ниту опасноста од пожари не ги запираат дрвокрадците – во срцето на Прилепскиот регион, Шумската полиција разоткри два сериозни обиди за илегална сеча и транспорт на огревно дрво, токму во период кога на сила е строга забрана за движење во шума.

🚨 Првиот случај се случил на 9 јули 2025 во 18:00 часот, на локацијата Пештерица, каде што било затекнато едно возило (шпедитер) натоварено со 3 просторни метри зелени дабови дрва. Дрвото било бесправно исечено, а возилото – веднаш запленето.

🚨 Само неколку часа подоцна, во 23:00 часот на другата страна од шумата – местото Студенец, Шумската полиција фати уште два обиди:

  • Комбе „Форд Транзит“, натоварено со 4 просторни метри букови дрва
  • Комбе „Форд Галакси“, со 2 просторни метри букови дрва

Во двата случаи, сторителите успеале да побегнат, но дрвото и возилата се запленети и предадени на Подружницата „Црн Бор“ – Прилеп за понатамошна постапка.

🔊 Шумската полиција упати апел до јавноста:

„Граѓаните мора да ја почитуваат забраната за движење во шума. Секоја непријавена активност може да доведе до сериозни последици, особено во период кога опасноста од пожари е екстремно висока. Ќе продолжиме со засилен надзор на терен.“

Иако шумата ова лето делува мирно, во нејзините длабочини сè уште демне дивата сеча. Законот, сепак, не спие – а камерата и контролата се посилни од кога било.

Mia Home Mavrovo