Утрово во Скопје се случи сериозна сообраќајна несреќа на една од најфреквентните раскрсници – онаа помеѓу булеварите „8 Септември“ и „Партизански одреди“, во населбата Карпош. Несреќата се случила во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“ и клиниката „Жан Митрев“, пренесува порталот Локално.
Поради сообраќајката, сообраќајот меѓу Карпош 2 и Карпош 3 е речиси целосно блокиран, а на терен се присутни полициски службеници кои активно го пренасочуваат возилата кон околните улици.
Иако засега нема потврдени информации за повредени лица, очекувањата се дека Министерството за внатрешни работи ќе излезе со официјални детали во текот на денот.
Граѓаните кои се движат низ овој дел од градот се предупредуваат да бараат алтернативни рути и да имаат трпение поради зголемената гужва и сообраќајниот метеж кој се создаде како резултат на инцидентот.