ПРВ.мк
Македонија

КАВАДАРЦИ ДОБИВА НОВ АДРЕНАЛИНСКИ ЦЕНТАР: Се гради модерна картинг патека во Моклиште

КАВАДАРЦИ ДОБИВА НОВ АДРЕНАЛИНСКИ ЦЕНТАР: Се гради модерна картинг патека во Моклиште

Во месноста Моклиште во тек се подготовките за изградба на нова картинг патека, со што Кавадарци ќе добие современ спортско-рекреативен центар за љубителите на автомобилизмот и адреналинските спортови.

Комплексот ќе се протега на околу 2.700 м² и покрај патеката ќе има и придружни објекти за организирање на настани, тренинзи и рекреативни активности.

Со овој проект, градот добива нова содржина за спорт, дружење и развој на мотоспортот во регионот.