ПРВ.мк
Македонија

Ј.П. „Комуналец“ Кавадарци ги санира ударните дупки и прокопите низ градот

Ј.П. „Комуналец“ Кавадарци ги санира ударните дупки и прокопите низ градот

Екипите на Јавното претпријатие „Комуналец“ Кавадарци интензивно работат на терен за санирање на оштетувањата на коловозите на повеќе локации низ градското подрачје.

Активностите опфаќаат санирање на ударни дупки и прекопи на улиците, со цел да се подобри безбедноста во сообраќајот и да се овозможи неопречено и нормално одвивање на сообраќајната мрежа во градот.

Од претпријатието истакнуваат дека санацијата на оштетените коловози ќе продолжи и во наредниот период, опфаќајќи ги сите критични точки на кои има потреба од интервенција.