Полицијата во Велес привела 64-годишен маж откако бил пријавен дека му се заканувал на својот 63-годишен брат со остар предмет.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен вчера, а полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Велес го лишиле од слобода З.И. (64) околу 18 часот.
Полицијата постапила по претходна пријава во која било наведено дека велешанецот со остар предмет му се заканувал на својот брат.
Предметот со кој, според пријавата, биле упатени заканите бил пронајден и одземен од страна на полициските службеници.
За случајот бил известен јавен обвинител, а од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.






