Триесет и осумгодишен маж од скопското село Студеничани го загубил животот откако доживеал струен удар додека извршувал градежни работи на куќа во изградба во селото Кондово.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера, 20 октомври, околу 14 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје.
„Во с. Кондово, скопско, М.Б. (38) од с. Студеничани, скопско, додека извршувал градежни работи на куќа во изградба добил струен удар, по што паднал на земја и починал“, информираат од МВР.
На местото на настанот пристигнала екипа на Итната медицинска помош, но лекарот можел само да ја констатира смртта на 38-годишниот маж.
По трагичниот настан бил извршен увид, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на Институтот за судска медицина за да се изврши обдукција.
Од Министерството за внатрешни работи засега не соопштуваат дополнителни информации за околностите под кои дошло до струјниот удар.






