ПРВ.мк
Македонија

Склучување Меморандум за соработка во здравството: Средба со новиот турски амбасадор Алпер Акташ

Склучување Меморандум за соработка во здравството: Средба со новиот турски амбасадор Алпер Акташ

Утрово се одржа официјална средба со новиот амбасадор на Република Турција во Скопје, Неговата Екселенција Алпер Акташ. На средбата беше потврдено продолжувањето на одличните билатерални односи меѓу двете земји, со посебен фокус врз унапредувањето на соработката во областа на здравството.

Главна тема на разговорот беше иницијативата за склучување Меморандум за разбирање и соработка во здравствениот сектор. Турција располага со исклучително развиен здравствен систем и богато искуство од кое нашата земја може да извлече драгоцени знаења и практики.

Конкретна корист за пациентите од двете земји

Идните чекори и формализирањето на соработката преку овој Меморандум ќе овозможат директна размена на искуства, едукација и нови можности за подобрување на здравствените услуги.

„Му благодарам на амбасадорот Акташ за отворениот и срдечен разговор. Овој Меморандум ќе отвори простор за конкретна соработка од која директна корист ќе имаат пациентите во двете земји. Нашата цел останува иста — за секој пациент, секој ден“, беше истакнато по повод средбата.