78-годишна жена од Охрид се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрило товарно возило со приколка на улицата „15 Корпус“ во градот.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера околу 11 часот во Секторот за внатрешни работи Охрид.
Во пријавата било наведено дека товарно возило „МАН“ со приколка, со охридски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот О.М. од Охрид, удрило во 78-годишната М.А., исто така жителка на Охрид.
Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Охрид, а надлежните презеле мерки за утврдување на околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.






