ПРВ.мк
Македонија

Еве колку е излезноста на локалните избори до 09:15

Еве колку е излезноста на локалните избори до 09:15

До 09:15 часот на денешните Локални избори гласале 41.890 граѓани, што претставува три отсто од вкупниот број избирачи, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко. Податоците се базираат на 2.672 избирачки места (76,91 отсто од вкупниот број), каде се запишани 1.394.158 гласачи.

Кондарко нагласи дека сите гласачки места се отворени навреме и дека гласањето се одвива без никакви проблеми. „Досега немаме пријави за нарушувања на гласањето од ниту едно избирачко место или општинска изборна комисија“, истакна тој.

На денешните избори право на глас имаат 1.832.415 граѓани, на 3.474 избирачки места. За градоначалници се кандидирани вкупно 309 кандидати, додека за членови на општинските совети се пријавени 576 листи со вкупно 10.490 кандидати.

Escape