ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Катастрофално торнадо ја погоди Франција - има и загинати!

(ВИДЕО) Катастрофално торнадо ја погоди Франција - има и загинати!

Синоќа, силно торнадо го погоди градот Ермон, лоциран северно од Париз, оставајќи зад себе разорна слика – едно лице го загуби животот, а десетмина се повредени, од кои четворица се во критична состојба.

Според информациите на регионалниот обвинител Гирек Ле Бра, жртвата е 23-годишен градежен работник кој трагично настрадал на едно градилиште, погодено од уривањето на конструкцијата. Сцените од местото на несреќата се драматични – силните налети на ветер корнеле покриви, соборувале дрвја, превртувале автомобили, а најтешкиот момент се случил кога три огромни градежни крана се срушиле врз медицинско-образовниот институт во градот.

На теренот веднаш биле ангажирани 80 пожарникари, 50 полицајци и 20 медицински екипи, кои работеле цела ноќ за да го обезбедат подрачјето, да спасат повредени и да одговорат на вкупно 324 интервенции и над 700 повици за помош.

Локалните власти од префектурата Вал-д’Оаз изјавија дека станува збор за неочекуван и исклучително силен климатски настан, кој бил проследен со брутални налети на ветер што не биле претходно најавени.

Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез го нарече торнадото "бура со редок и ненадеен интензитет", изразувајќи поддршка до спасувачите и сочувство до семејството на загинатото лице преку објава на социјалната мрежа Икс.

Освен човечките загуби, материјалната штета е огромна:– Паднати градежни кранови,– Откорнати покриви,– Соборени дрвја,– Превртени возила,– Оштетени електрични далноводи,– Прекинати железнички линии, особено на релацијата Шан-де-Мар – Понтоаз, кои се целосно блокирани во двата правци поради пад на дрво врз напојната мрежа.

Дополнително, кабли за електрична енергија се распрснати по патиштата, што ги натера властите да упатат итен апел до граѓаните да избегнуваат патување низ погодените области. Според официјалните податоци, околу 1.700 домаќинства останале без струја, а деценции жители биле евакуирани и згрижени во локална спортска сала.

Фотографии и видеа што кружат на социјалните мрежи сведочат за масовната штета и паниката меѓу населението, додека Франција се соочува со уште еден алармантен пример на екстремно време со сѐ почести последици врз човечки животи и инфраструктура.

ВИДЕО

Escape