ПРВ.мк
Македонија

Нова финансиска поддршка за родители: Еве кој има право на еднократна помош за новороденче и колку изнесува

Нова финансиска поддршка за родители: Еве кој има право на еднократна помош за новороденче и колку изнесува

Родителите на новороденчиња во Македонија имаат право на еднократна парична помош од државата – но под одредени услови. Оваа финансиска поддршка се доделува согласно Законот за заштита на децата, и се однесува на прво и второ дете во семејството.

Право на оваа помош има еден од родителите кој е државјанин на Република Северна Македонија и има постојано живеалиште најмалку 12 месеци пред раѓањето на детето. Истото важи и за посвоени деца до една година, под услов мајката да нема биолошко новородено дете.

Износот на еднократната помош изнесува 5.000 денари за прво дете и 20.000 денари за второ дете, со можност за усогласување во зависност од порастот на трошоците на животот во претходната година.

Барањето за добивање на оваа помош се поднесува во Центарот за социјална работа на подрачјето каде што мајката има живеалиште, најдоцна до три месеци по раѓањето или посвојувањето на детето.

Во случај мајката да е странец, но во брак со државјанин на Северна Македонија и поседува лична карта за странец – барањето може да го поднесе таткото. За апликацијата се користи образецот БЕППН/2.

Со оваа мерка, државата има цел да им помогне на младите семејства во првите месеци по раѓањето на детето и да го поттикне наталитетот во земјата.

Escape