Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се одржа јавна расправа за новиот Закон за шуми, со цел да се обезбеди транспарентен и инклузивен процес во креирањето законска рамка која ќе ја унапреди заштитата и одржливото управување со шумските ресурси.
Со законот се поставуваат темелите за модерно, одржливо и транспарентно управување со шумите, усогласено со европските стандарди и најдобрите практики во шумарството.
Новиот Закон за шуми предвидува:
- Усогласување со европските регулативи и современи стандарди во шумарството;
- Основа за донесување на стратешки документи и програми;
- Воспоставување на Шумарски информативен систем (ШИС) за дигитално следење и борба против нелегалната сеча;
- Развој на македонски систем за сертификација по PEFC стандарди;
- Регулирање на меѓуинституционалната соработка и усогласеност со ресорите поврзани со шумите, природата и пределите во целина.
Министерството ги повикува сите субјекти кои управуваат или стопанисуваат со шуми да достават предлози, препораки и коментари во рок од 15 дена од денот на јавната расправа за подобрување на содржината на законот.
Ова е дел од реформските процеси во шумарството, со цел да се изгради одговорен и одржлив систем за управување со најголемото природно богатство на Македонија – шумите.
Не дознавај последен - читај ПРВ.мк