Во голема координирана акција на Финансиската полиција во Прилеп, повеќе лица се уапсени под сомнение за големи финансиски малверзации и криминал во висина од околу 800.000 евра, поврзани со Општа Болница Прилеп.
Меѓу уапсените се познати личности, меѓу кои поранешниот пратеник и директор од СДСМ Кети Смилеска, Александар Спиркоски – познат како Џемо, како и Владимир Петрески, десната рака на Кети. Покрај нив, уапсени се и раководители и управители на фирми кои склучувале договори за јавни набавки.
Се очекува Обвинителството да соопшти дополнителни детали за уапсените лица и конкретните кривични дела што им се ставаат на товар, додека истрагата и понатаму е во тек.