Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес потврди дека неговите сојузници на Блискиот Исток се подготвени да испратат војници во Појасот Газа на негово барање, доколку палестинското движење Хамас продолжи да го крши договорот за прекин на огнот со Израел, пренесе „Бета“.
„Многу од нашите главни сојузници на Блискиот Исток јасно и силно ставија до знаење дека би ја поздравиле можноста, на мое барање, да влезат во Газа со сила и да го корегираат Хамас ако продолжи да се однесува лошо“, напиша Трамп на својот профил на Truth Social.
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс денес пристигна во Израел за да го зацврсти договорот за прекин на огнот, кој треба да стави крај на конфликтот во Газа што трае од октомври 2023 година.
Се очекува Венс да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на посетата, која ќе трае до четврток.