ПРВ.мк
Македонија

Последен рок за ДДВ-04: Државата предупредува – не чекајте последен момент, можат да ве чинат илјадници!

Последен рок за ДДВ-04: Државата предупредува – не чекајте последен момент, можат да ве чинат илјадници!

Рокот за поднесување даночната пријава за ДДВ-04 и плаќање на даночниот долг се поместува до понеделник, 27 октомври, поради скратената работна недела. Даночната управа апелира даночните обврзници да не го чекаат последниот ден од законски утврдените рокови за да се избегне преоптоварување на системот и технички проблеми.

Законот предвидува дека рокот за поднесување и плаќање на ДДВ-04 е 25 октомври, но бидејќи тоа е сабота, рокот се поместува за првиот нареден работен ден. Во овој период се поднесуваат месечни и тримесечни пријави.

УЈП потсетува дека поднесувањето на пријавата без истовремено плаќање на долгот не ги исполнува законските обврски. Само со точно и навремено поднесување и плаќање на обврските се избегнуваат дополнителни камати, санкции и непотребен стрес.

Escape