ПРВ.мк
Црна Хроника

Скопјанец се обидел да го убие братот со дрвена ногарка, па легнал да спие покрај него - ова се деталите

Скопјанец се обидел да го убие братот со дрвена ногарка, па легнал да спие покрај него - ова се деталите

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против маж од Скопје осомничен за обид за убиство на својот брат. Настанот се случил на 18 октомври во семејниот дом во Марино, каде осомничениот со дрвена ногарка го нападнал братот, удирајќи го по главата и телото.

Од бруталните удари, жртвата почнала да крвари и ја изгубила свеста, но наместо да му помогне, осомничениот легнал да спие. Утредента, кога се разбудил и го затекнал братот во крв и без свест, не побрзал да повика помош, туку чекал речиси три часа пред да повика медицинска екипа.

Поради сериозноста на делото и околностите на настанот, јавниот обвинител доставил предлог до Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор за осомничениот.

Escape