ПРВ.мк
Црна Хроника

Несреќа: автобус удри во далновод - има загинати

Несреќа: автобус удри во далновод - има загинати

Рано утрово, околу 6:40 часот, на делницата меѓу Чачак и Краљево, во близина на местото Бресница, се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице почина, а двајца се тешко повредени.

Според првичните информации, автобус и патничко возило се судриле, по што автобусот излетал од патот и удрил во столб од далновод.

Повредените се пренесени во Општата болница во Чачак, каде што лекарите се борат за нивниот живот. „Едниот повреден моментално е на скенер, состојбата е критична“, изјавија од болницата за Телеграф.рс.

На местото на трагедијата интервенирале полицијата, противпожарните служби и итната помош, а сообраќајот бил привремено запрен.

Според видеата објавени од српските медиуми, сцената на несреќата е застрашувачка – автобусот и автомобилот се целосно уништени. Причините за несреќата сè уште се истражуваат.

Escape