ПРВ.мк
Балкан

(ФОТО) Во Белград уништен мурал на Новак Ѓоковиќ

(ФОТО) Во Белград уништен мурал на Новак Ѓоковиќ

Муралот посветен на Новак Ѓоковиќ, дело на белградскиот уметник Андреј Јосифовски – Пијанистот, е уништен ноќеска откако непознат сторител го облеа со црна боја. Делото, кое се наоѓаше во центарот на Белград, беше инспирирано од карактеристичното „пумпање“ на Ѓоковиќ за време на натпревар на овогодинешниот Вимблдон.

На муралот беше прикажан Ѓоковиќ во момент на силна емоција, со натпис: „ПУМПАЈ, ПУМПАЈ, зошто застана!?“. Уметникот објави фотографија од уништениот мурал на социјалните мрежи и остро реагираше:

„Замислете го тој голем патриЈот во портокалова јакна... кој се прикрадува ноќе и му фрла боја на Новак. Одамна го освоивме врвот на дното, но продолжуваме во стартосВерата. Не грижи се, брате мој @djokernole – одмаздата ќе следи, но без маска, среде ден“, напиша Јосифовски.

Муралот беше создаден како симбол на поддршка и восхит кон спортската борбеност на Ѓоковиќ. Но, во последно време тензиите околу неговите јавни ставови растат. Ѓоковиќ доби пофалби, но и критики, откако јавно ги поддржа студентските протести по трагедијата во Нови Сад, каде што загинаа 16 лица.

Како последица, според дел од српските медиуми, тенискиот турнир „Србија Опен“ бил преместен од Белград во Атина.

Истрагата за вандализмот е во тек.

Escape