Денеска на патот Чачак–Крагуевац, кај местото Бечањ, се случи трагична сообраќајна несреќа околу 6:40 часот, во која едно лице загина, а неколку други се повредени, јавуваат српските медиуми, а информацијата ја потврди и Министерството за внатрешни работи на Србија.
Според извештаите, директно се судрија автобус и патничко возило марка BMW, кое, според се, изгубило контрола и се удрило во автобусот. По силниот судир, автобусот излетал од коловозот и удрил во електричен столб.
Повреденото машко лице веднаш било префрлено во Општата болница во Чачак, каде што е згрижено на одделението за ортопедија поради тешките повреди. На лице место интервенирале сообраќајната полиција, брзата помош и Секторот за вонредни ситуации.
Сообраќајот бил привремено прекинат, но наскоро е нормализиран.
Причините за несреќата сè уште се истражуваат, а надлежните органи најавуваат дека истрагата е во тек и ќе се утврдат деталите за слученото.