ПРВ.мк
Балкан

АЛАРМАНТНИ БРОЈКИ: Идентификувани 30 жртви на трговија со луѓе од почетокот на годината!

АЛАРМАНТНИ БРОЈКИ: Идентификувани 30 жртви на трговија со луѓе од почетокот на годината!

Трговијата со луѓе, како една од најтешките форми на кршење на човековите права, и оваа година продолжува да ја загрозува безбедноста и достоинството на бројни поединци во Црна Гора. Од почетокот на 2025 година, според официјалните податоци на Министерството за внатрешни работи (МВР) на Црна Гора, се идентификувани 30 жртви на трговија со луѓе, додека се поднесени 17 кривични пријави против 19 осомничени лица.

Во рамки на Европскиот ден против трговијата со луѓе – 18 октомври, црногорското МВР спроведува низа активности за подигнување на јавната свест и информирање на граѓаните за опасностите од овој глобален проблем, кој честопати се одвива скриено, но со длабоки последици по жртвите.

Министерството предупредува дека трговијата со луѓе е модерна форма на ропство, која не познава национални граници и ги лишува луѓето од нивната слобода, достоинство и основни човекови права, со единствена цел – нивна експлоатација.

Според анализите на МВР, најчести форми на експлоатација во земјата остануваат:

  • Принудната работа
  • Присилното просење
  • Случаи на сексуална експлоатација
  • Нелегални бракови

Црногорските власти посочуваат дека остануваат посветени на борбата против трговијата со луѓе преку поактивна идентификација на жртвите, процесирање на сторителите и зголемена соработка со меѓународните партнери и организации.

 Проблемот останува сериозен и бара континуирана вклученост не само на институциите, туку и на целото општество – со цел ниту едно човечко битие да не биде третирано како роб во 21 век.

Escape