ПРВ.мк
Балкан

Стравична сообраќајка ја потресе јавноста - еве ги деталите

Стравична сообраќајка ја потресе јавноста - еве ги деталите

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера кај српскиот град Сремска Митровица, тројца луѓе загинаа, а осуммина се во критична состојба, јавуваат српските медиуми. Несреќата се случила откако автобус полн со работници паднал во провалија. Вкупно повеќе од 50 лица се повредени.

Според извештаите, осум пациенти се на интензивна нега, дваесет се на Одделот за општа хирургија, а единаесет се на Ортопедија. Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека 69-годишниот возач, според првичните информации, бил одговорен за несреќата поради неприлагодена брзина.

Инцидентот ја потресе јавноста и предизвика реакција од локалните власти, кои нагласуваат дека ќе се истражат сите околности околу трагичната сообраќајка.

Escape