На 17.10.2025, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во домот на Д.Г. (33) на подрачје на Гази Баба.
При претресот, во станот беше затекнат неговиот брат С.Г. (32), а кај нив беа пронајдени марихуана, пари и дигитална вага. С.Г. е лишен од слобода, додека се преземаат мерки за пронаоѓање на Д.Г. По целосно расчистување на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Видео: