ПРВ.мк
Македонија

Во куќа пронајдени пари за наводен изборен поткуп - еве ги деталите

Во куќа пронајдени пари за наводен изборен поткуп - еве ги деталите

Утринава во 8 часот полициски службеници од СВР Велес извршиле претрес во домот на 59-годишниот Г.П. од село Согле, општина Чашка, поради сомнение за поткуп при избори.

Акцијата е спроведена врз основа на судска наредба од Основниот суд во Велес, по добиени оперативни информации дека лицето можеби било вклучено во изборен поткуп, што претставува кривично дело според член 162 од Кривичниот законик.

При претресот полицијата пронашла и одзела 60 банкноти од по 2.000 денари и мобилен телефон, кои се сомневаат дека биле користени за незаконски активности поврзани со изборниот процес.

Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, а со осомничениот е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Escape