Јелена Карлеуша, позната по своите директни и често контроверзни изјави, повторно привлече внимание – овојпат со коментар за изгледот на колешката Теа Таировиќ.
Во телевизиско гостување, Карлеуша без задршка го оцени стилот на Теа:
„Теа Таировиќ е несомнено добра, трескава, расна, месната риба. И во тој леопард изгледа како подгоен леопард. Таа е оригинална и нејзините аутфити се дел од нејзиниот цел имиџ, кој мора да биде сиров. Секси тело што не оди на ‘моден’, туку оди на месо.“
Карлеуша додаде дека иако некои комбинации ѝ се допаѓаат, сепак, според неа, Таировиќ нема чувство за стил:
„Овој комбинезон можеби е најдобро нешто што некогаш го има облечено. Таа има катастрофален вкус – односно, нема вкус. Но се чувствува добро во тоа, и тоа е нејзиното оружје. Ако се облекува како јас – ќе ја изгуби таа сировост.“
На крај, сепак, Карлеуша даде и мала доза на пофалба:
„Каква што е – е оригинална. И треба да остане таква.“
Останува да видиме дали Теа ќе одговори на овој коментар, или ќе го прифати како дел од шоу-бизнисот каде сè е дозволено – особено кога станува збор за стил и имиџ.