ПРВ.мк
Македонија

ТРАГЕДИЈА: Тешка сообраќајка утринава - еве ги деталите!

ТРАГЕДИЈА: Тешка сообраќајка утринава - еве ги деталите!

Тешка сообраќајна несреќа се случила на регионалниот пат Куманово–Кратово, во близина на местото наречено „Превалец“, во атарот на селото Трновац, кратовскиот регион. Според информациите од СВР Куманово, во несреќата учествувале две возила – товарно возило марка „Фиат Добло“, со кое управувал 54-годишниот Љ.Т. од Скопје, и „Дачија Сандеро“, управувана од 33-годишниот С.В., исто така од Скопје.

Несреќата завршила трагично – животот на лице место го загубил сопатникот во „Фиат Добло“, 38-годишниот А.А. од Скопје. Смртта ја констатирал лекар на местото на несреќата.

Двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди и веднаш биле пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, која работи на целосно расчистување на причините и околностите под кои дошло до овој трагичен инцидент.

Escape