ПРВ.мк
Свет

Заврши состанокот на Зеленски: Откри што му кажал Трамп

Заврши состанокот на Зеленски: Откри што му кажал Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави по завршувањето на средбата со американскиот лидер Доналд Трамп дека разговарале за безбедносни гаранции и за можноста за испорака на ракети со долг дострел, но не откри детали заради опасност од ескалација.

„Една од темите беа билатералните безбедносни гаранции. Сакаме САД да бидат дел од нашата безбедност“, рече Зеленски, оценувајќи го состанокот како продуктивен.

На новинарско прашање дали верува дека Трамп е сериозен во намерата да се спротивстави на Русија, Зеленски одговори:

„Веруваме во Соединетите Држави. Веруваме дека претседателот Трамп навистина сака да ја заврши оваа војна.“

Тој додаде дека се надева Трамп ќе постигне успех во Украина, како што успеа на Блискиот Исток.

Escape