ПРВ.мк
Балкан

Полицијата во шок: 75-годишен пензионер откриен како дилер

Полицијата во шок: 75-годишен пензионер откриен како дилер

Во еден од најневообичаените случаи во последно време, загрепската полиција уапси 75-годишен маж осомничен за трговија со дрога. Истрагата открила дека пензионерот со месеци продавал кокаин од својот стан во населбата Трешњевка.

Според полицијата, при претрес на неговиот дом биле пронајдени девет пакети со вкупно 42,55 грама кокаин, две дигитални ваги за мерење и пари за кои се сомнева дека потекнуваат од продажба на дрога. Осомничениот внимателно ги мерел и препакувал дозите, подготвувајќи ги за продажба на локалниот пазар.

Полицијата истакна дека пензионерот дејствувал самостојно и дека долго време бил надвор од радарот на истражните служби. „Не се сеќаваме кога последен пат имавме дилер на оваа возраст“, изјавил еден од истражителите за хрватските медиуми.

По завршената истрага, против 75-годишникот е поднесена кривична пријава за неовластено производство и трговија со дрога, а судот му одреди притвор до понатамошна постапка.

Случајот предизвика бројни реакции во јавноста, бидејќи ретко се случува лице во поодминати години да биде вмешано во ваков вид на криминал.

Escape